Ова е најново од Инструментал бенд

Објавил: admin@magazin | 17 јули, 2018 21:30

Со „Очи пуне суза“ музичката група „Инструментал Бенд“ го освојува Балканот

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Македонската музичка група „Инструментал Бенд“ ја пушти во етер својата најнова песна насловена како „Очи пуне суза“ заедно со видеозапис на популарниот Јутјуб канал Вејв Мјузик Тв.

Зад „Очи пуне суза“ како автор на музиката, текстот и аранжманот се потпишува веќе докажаниот автор на бројни хитови – Драган Арсенијевиќ Наполеон. Зад техничките делови стојат Богдан Стојиљковиќ (Снимање, миксање и мастер) и Александар Сувајџиќ (едитирање). Пратечките вокали ги пеат Катарина Петриќ, Драган Арсенијевиќ Наполеон и Жарко Стојкоски. Комплетниот аудио материјал е снимен во студиото „Музичко атеље креативен звук“.

Во спотот во главната улога се појавува учесникот на реалното шоу „Парови“ и гитарист во бендот, Никола Стојановски. Тој на себе има специјална боја за тело која доловува посебен ефект и целосно ја истакнува неговата фигура, а во круг околу него танцуваат згодни манекенки од Белград. Оригиналната приказна за видеото кое претставува и краток филм е на „NloFlow Videos“, а снимено е во врвното филмско студио на Ај-Ди-Џеј Видеос.

Како изгледа комплетно новиот производ на „Инструментал Бенд“, погледнете во продолжение:

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фолк

Деновиве на социјалната мрежа Фејсбук се појави едно видео од настапот на Влатко Миладиновски кој премиерно ја испеа “Велат нѐ нема, ама еве сме”!.

Велат не нема ама еве сме, солзи и радост кај Негушани во Егејска Македонија! (ВИДЕО)

Деновиве на социјалната мрежа Фејсбук се појави едно видео од настапот на Влатко Миладиновски...