Министерката Дескоска тврди дека реформите во судтвото се успешни, Оливер Спасовски е на друго мислење!

Објавил: Данаил Михајловски | 12 јуни, 2019 13:56

Спасовски контра Дескоска: Нека види и некој судија или обвинител како е во притвор!

Фото/Текст извор: ©магазин

Во емисијата вчера на „Отворено на 24“, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски отворено ја укори министерката за правда Рената Дескоска, префрлајќи и дека дел од судиите и обвинителите сносат одговорност за слабата завршница на крупните политички, стопански и корупциски процеси кои ги потегнало МВР. Исто така Спасовски ја префрли одговорноста за бегството на Груевски на обвинителите, бидејќи сите материјали, изјави, докази од МВР биле доставени до Јавното обвинителство за криминал, но тие не побарале притвор за поранешниот премиер. Министерката Дескоска сепак истакна дека реформите во правосудството се успешни и дека таа е задоволна од напредокот.

Рената Дескоска му врати на Спасовски дека МВР доколку забележи дека некои судии и обвинители сториле некои кривични дела, може да си покрене постапки против таквите судии и да поднесе кривични пријави против такви обвинители.

“Како што има државни фунционери кои што се апсат и одговараат за тоа што го правеле или го прават, мора така да одговараат и судиите и обвинителите. И не може да чекаме да се одлагаат седници на Судски совет, да не се покренуваат постапки против судии или обвинители, само затоа што едните ги штитат другите. Јас во последно време отворено говорам на оваа тема, и ќе говорам се додека не видиме дека одноворност сносат и судиите и обвинителите. Ако може обичен граѓанин да оди во притвор за сторено дело, тогаш нека види и некој судија како е да се најде во притвор“.

Рената Дескоска му врати на Спасовски дека “МВР доколку забележи дека некои судии и обвинители сториле некои кривични дела, може да си покрене постапки против таквите судии и да поднесе кривични пријави против обвинители. И ме радува тоа што гледам воља кај министерот дека ќе почнат некои такви постапки за гонење на судии и обвинители за некои пропусти кои што ги направиле“.

Министерот Спасовски сепак остана на својот став дека проблемите се во обвинителите и судиите: “Сите сте сведоци што ни се случува со луѓе кои има шанси да ја напуштат Македонија. Системот мора да се консолодира и во судовите. Во тој момент кога избега, немаше ниту една мерка за Груевски. Сега гледаме како Камчев слободно се шета низ Европа, им се враќаат пасоши, се пуштаат од притвор. Таков еродиран систем, мора да се санира – рече Спасовски во гостување на Телевизијата 24.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.