Македонската држава ја чуваат луѓе со фалширани документи, никој ништо не контролира, хаос, колку е сигурно во Македонија?

Објавил: Македонка Димкин | 12 јуни, 2019 17:57

Кој ги снабдува Албанците со фалш дипломи? Жител од село Лојане преклу фалш диплома до полицаец!

Фото/Текст извор: ©Гугл / Магазин

МВР поднесе пријава поради сомнение за сторено кривично дело фалсификување на документ. Кумановската полиција  кривична пријава ја поднесе против 47-годишник од село Лојане, инаку враборен како полициски службеник во Полициската станица за граничен премин Табановце.

Според пописот од 2002 година, во Лојане живеат 2.682 жители, од кои 2.668 Албанци, 3 Бошњаци и 11 останати/ Фото Гугл

Како што се дознава,  пријавениот и во минатото извршил фалсификување на диплома за завршено средно образование, издадена од средното училиште „25 Мај“ од Прешево, Србија. Тој веќе на почетокот на 2003 година, ваквата диплома  ја приложи во Министерството за одбрана при склучување на договорот за вработување како професионален војник. Истата особа , кон средината на 2005 година ваквата диплома ја употребил и при склучувањето договор со МВР, со што пријавениот добил работен однос како полицаец.

Основното јавно обвинителство Куманово веќе на  7 јули 2005 годиниа поднело обвинителен  акт против пријавениот поради постоење сомнение за сторено кривично дело фалсификување на исправа, односно диплома, а во врска со употребата на наведената лажна диплома при засновање работен однос.

По ова, на 19.3.2007 година Основниот суд Куманово донел пресуда со која го осудил пријавениот како виновен за што не го известил Министерството за внатрешни работи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.