Авионот на лет 627 од Денвер со 166 патници по експлозијата на гумите пролизгал на пистата додека не запрел, пренесува агенцијата АП.

Објавил: Перо Милчин | 16 јуни, 2019 11:19

ВИДЕО: ДРАМА НА АЕРОДРОМОТ ВО ЊУ ЏЕРСИ – На авион му експлодираа гуми при слетување!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Неколку патници се здобија со лесни повреди кога на авионот Јунајтед ерлајнс му експлодирале гумите при слетувањето на аеродромот во Њуарк, американската сојузна држава Њу Џерси.

Како што пренесува агенцијата АП, авионот на лет 627 од Денвер со 166 патници по експлозијата на гумите се лизгал на пистата додека не запрел. Се уште нема детални информации за случајот.

Минатиот месец се случи авионска несреќа кога руски авион беше „погоден од гром“, а сите преживеани беа евакуирани за 55 секунди.

Авионот, сухој суперџет-100, го напуштил аеродромот во 18:02 по локално време во неделата, упатен кон Мурманск. Неговата екипа испратила сигнал за опасност кога дошло до „дефекти“ во лошите временски услови кратко време по полетувањето.

Авионот потоа се обидел да изврши две принудни слетувања. На првото приоѓање авионот се движел премногу брзо, а на второто автоматските системи потфрлиле, објави руската новинска агенција Интерфакс.

Патниците и екипажот во авионот што мораше да изврши принудно слетување на московскиот аеродром, велат дека бил погоден од гром неколку моменти пред да се урне.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.