Тешка сообраќајна незгода се случи во Битола, помеѓу патничко возило „БМВ-525“ со битолски регистарски ознаки.
На 17.06.2019 година во 14.40 часот на крстосницата од улиците „Новачки пат“ и „Шералти“ во Битола се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „БМВ-525“ со битолски регистарски ознаки, управувано 31 годишно лице од Битола и мопед „Јујинг-50“ со битолски регистарски ознаки, управуван од 49 годишно лице од Битола.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил моторциклистот и бил пренесен во Клиничката болница во Битола за укажување на лекарска помош. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Битола, соопшти МВР.
Пет лица се потешко или полесно повредени во три одделни сообраќајќи викендов. Во 13.45 часот на улица „Бледски договор“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „виктори џиоти“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.З.(36) од Скопје и мотоцикл „пјаџо“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Ј.(38) од Скопје.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката на мотоциклот, А.Б.(35) од Скопје, а со телесни повреди се здобил мотоциклистот А.Ј.. Тие биле пренесени во Градската општа болница „8-ми Септември“, каде им била укажана лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.