Огромно задоволство е Преспа да ја запознаеме на ваков начин, преку дружење, музика, храна, преку запознавање на природните убавини и традицијата.

Објавил: Рејхан Бајрами | 16 јуни, 2019 15:42

(ВИДЕО)ГРАЃАНИТЕ ВЧУДОНЕВИДЕНИ: Заев со БРЗ МОТОР И КАЦИГА пристигна во Преспа!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Убеден сум дека ќе го привлечеме вниманието на сите граѓани, да го користат целиот летен период за да го посетат Преспанското Езеро и да ги видат убавините, порача премиерот Зоран Заев на дводневниот настан „Запознај ја Преспа”.

Премиерот рече дека огромно задоволство е Преспа да ја запознаеме на ваков начин, преку дружење, музика, храна, преку запознавање на природните убавини и традицијата.

Тој се надева дека со настанот „Meet Prespa”, што се одржува викендов во Преспа, се започнува една убава традиција што ќе го одбележи пријателство, меѓу Македонија, Албанија и Грција, посебно преку импликација на дружење со младите.

Убеден сум дека ќе го привлечеме вниманието на сите граѓани, да го користат целиот летен период за да го посетат Преспанското Езеро и да ги видат убавините, порача премиерот Зоран Заев на дводневниот настан „Запознај ја Преспа”.

„Огромно задоволство е Преспа да ја запознаеме на ваков начин, преку дружење, музика, храна, преку запознавање на природните убавини и традицијата. Им честитам на градоначалникот на Ресен и на граѓаните од регионот кои овие два дена го организираат настанот „Запознај ја Преспа“, вчера во Отешево, денеска тука на плажата во Дупени.

Утре се навршува една година од Договорот од Преспа, а ова што денес се случува тука, ова поврзување на народите од Северна Македонија, Грција и Албанија само покажува какви придобивки носи тој договор.Преспа е мозаик, Преспа обединува, Преспа е Европа. Ги повикувам сите граѓани да доаѓаат тука, да креираат содржини и да му дадеме живот и инцијатива на овој уникатен регион“ рече премиерот Заев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести