"Треба да се почитуваат законите и Уставот"

Објавил: admin@magazin | 19 јули, 2018 17:33

Мицкоски: За некои теми имаме приближување на ставовите, за некои не

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Лидерите на денешната средба за некои прашанња успеаа да ги приближат ставовите, а за нелои не објави на својата Фејсбук страна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христија Мицкоски.

Сакам да Ве информирам дека после неколкучасовниот состанок што го имавме во скратен формат, онака како што беше пракса во минатото, разговаравме генерално за оние теми коишто веќе се познати на јавноста, а се дел од оние преговори коишто започнаа таму некаде март, април месец оваа година. За некои од темите имаме приближување на ставовите, за некои немаме приближување во ставовите. Се договоривме генерално во недела навечер или во понеделник наутро да ги продолжиме разговорите во овој формат, да видиме како ќе се развиваат, па понатаму ќе дискутираме околу деталите.

Инаку ја користам оваа прилика исто така да кажам определен мој впечаток којшто не се темели на чувства туку заложби на ВМРО-ДПМНЕ, а тоа се вистинските европски вредности и принципи, а не само декларативни заложби. Доколку навистина се стремиме кон европските вредности и принципи така треба и да се однесуваме и истите вредности не само декларативно да ги соопштуваме туку и да ги применуваме на дело.

Треба да се почитуваат законите и Уставот и да превираме било каков обид да се изигра волјата на граѓаните.

Што подразбира тоа? Тоа подразбира почитување на законите и почитување на Уставот и да превенираме било каков обид да се изигра волјата на граѓаните, односно да се поставуваат повеќе смислени прашања за круцијални теми за кои што ние како граѓани сме загрижени за иднината на оваа држава, вели во објавениот статус после лидерската средба Мицкоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...