Се пензионира фудбалската легенда

Објавил: Узунов Бобан | 21 јуни, 2019 10:40

Фернандо Торес по 18 години ја заврши кариерата !

Фото/Текст извор: ©магазин

Шпанскиот голгетер и еден од најдобрите напаѓачи во последните 20 години Фернандо Торес преку социјалните мрежи ги растажи фановите и најави фудбалска пензија.

Популарниот „Ел Нињо“ ги направи првите фудбалски чекори во Атлетико Мадрид каде настапуваше двапати во кариерата. Измеѓу стана легенда во Ливерпул, освои неколку трофеи со Челзи, а заигра и за Милан и на крај во јапонското првенство во Саган Тосу.

Со репрезентацијата на Шпанија постигна големи успеси и беше дел од легендарната генерација која врза три големи титули во низа. 

Беше главен протагонист на Европското првенство 2008 кога во финалето против Германија го постигна победничкиот погодок. Потоа се радуваше на светската титула две години подоцна во Јужна Африка, за одличниот период да го заокружи за нов европски трофеј во 2012 година.

Додека беше дел од Челзи се израдува и на трофеите во Лигата на шампионите и Лига Европа. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.