Трамп стекнува право на годишна пензија од 221.400 долари, со одредени поволности.

Објавил: Рејхан Бајрами | 21 јануари, 2021 7:29

Откриено е колкава ќе биде пензијата на Трамп

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Трамп може да ја изгуби годишната пензија доколку биде повлечен на претстојната седница во Сенатот. Законот не им дава пензија на претседателите чие време на власт е прекинато со одземање на моќта.

Трамп стекнува право на годишна пензија од 221.400 долари, со одредени поволности.

Сепак, постои голема можност тој тоа да не го добие.

Џо Бајден вчера стана 46 тиот американски претседател. Заклетвата на функцијата ја положи во 18 часот по средно европско време на церемонија во главниот град Вашингтон.

За време на инаугуративната церемонија немаше толпа на луѓе – уште пред нападот на Капитол, Бајден побара приврзаниците да останат дома за настанот да не се претвори во ковид кластер.

Стотината гости седеа на столиците на западната страна од Капитол и држеа растојание, носеа маски и покажаа негативен ковид тест направен непосредно пред церемонијата!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.