Битолчанецот Бејхан Рамов победи во чевртата сезона на емисијата „Никад није касно“ и беше прогласен за победник според СМС гласовите.
При доделувањето на признанието, Бејхан мораше да и вети на Лепа Брена дека ќе се откаже од ѕидарството и молерството и ќе се посвети само на музиката.
Бејхан има 45 години. Со музика започнал да се занимава од 9-годишна возраст и почнал да пее турски хитови бидејќи неговата мајка е од Турција, па така ја засакал турската музика. Од 13 години започнува да го работи ѕидарскиот занает.
Се оженил на 16 години и денес има три деца и еден внук.
По професија е ѕидар и кога договара работа секогаш бара дозвола додека работи да може да пее.
Во суперфиналето настапи, за нас во Македонија, веќе многу познатата Ленче Кукиќ и тоа со убавата фолк балада „Лепи мој“ од репертоарот на Снежана Ѓуришиќ. Ленче беше толку добра што однесе две победи: победи од Фејсбук гласачите и победи од гласовите на жирито. Наградата ѝ ја додели фолкерката Драгана Мирковиќ. На крај од ова шоу кое е популарно и во Македонија, двајцата Македонци си заминаа со статуетката од „Гранд продукција“, но и со веќе многу најавени тезги ширум поранешна Југославија. Дуле М.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.