Но граѓаните револтирани од ваквата одлука му порачаа на Филипче дека има многу поприоритетни случаи во Македонија кои чекаат и молат за парична помош преку СМС пораки.

Објавил: Катерина Крстиќ | 28 јуни, 2019 10:36

Филипче се предомисли: Фондот нема да ги покрива трошоците за промена на полот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По вчерашниот притисок кој го почувствува Министерот Венко Филипче, особено на социјалните мрежи каде речиси сите бурно реагираа на веста за промена на полот , сега министерот се предомисли.

Министерот за Здравство Венко Филипче вчера најави дека Фондот за Здравство целосно ќе ја покрива операцијата за промена на полот, по што наиде на бурни реакции

Очигледно влијаеа коментарите од граѓаните кои беа едногласни дека многу болни дечиња кои не можат да се лекуваат во земјава молат кај хуманите граѓани за парична помош а тие даваат 15 илјади евра за промена на полот, по што Венко Филипче се предомисли и од Министерството за здравство доцна вчера испратија соопштение до медиумите во кое стои дека  „оперативен зафат за промена на полот нема да постои на сметка на Фондот за здравствено осигурување и таков зафат нема да се изведува во јавна здравствена установа“.

Ваквото соопштение најверојатно беше резултат на лавината реакции во јавноста, по објавувањето на веста од страна на министерот за здравство Венко Филипче  дека операциите за промена на полот отсега ќе бидат на товар на Фондот за здравство, а нема да се плаќаат приватно како досега

Но граѓаните револтирани од ваквата одлука му порачаа на Филипче дека има многу поприоритетни случаи во Македонија кои чекаат и молат за парична помош преку СМС пораки.

Но се уште останува мистерија дали Филипче парите кои ги планираше за промена на полот ќе ги пренасочи за лекување на оние кои најмногу им се потребни.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Изрази жалење за доцнењето на овој тендер, посочувајќи дека, заедно со Здружението на дијабетичари го правеле невозможното последните неколку месеци за да може тој тендер побрзо да се објави.

Меџити: Додека сум јас министер нема да се случи да доцни тендер или јавна набавка за лекови

Јавните набавки и тендерите за лекови нема никогаш повеќе да доцнат тврди министерот...

Смената од директорската позиција после повеќе годишно директорување со клиниката тешко му падна на др. Јовев па организираше и протести пред клиниката со негови пациенти а и не го штедеше со навреди новопоставениот директор др.Марјан Шокаровски.

Др.Јовев за „Фокус“: Не е точно дека сум нападнал некој, мене ме нападнаа, имам повреда на окото и од стрес лежам на Кардиологија

Од министерството за внатрешни работи денеска излегоа со соопштение дека од Клиниката...

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија Нехат Нухи, призна на јавноста дека мајка му била лекувана на Клиниката за онкологија и дека има медицинска историја таму, иако истакна дека не се лекувала од рак.

Според Нухи, овој третман бил дозволен од тогашниот медицински директор доктор Нино Васев.

– Беше период на ковид, а кога се работи за мајка, секој човек бара решение како побрзо да се третира. Со дозвола на медицинскиот директор, ни овозможија да се лекува. Но, не се лекуваше од рак. Беше период на ковид и другите клиники функционираа како ковид центри и затоа се лекуваше во нашата клиника, рече Нухи.

Без потврден канцер, мајката на економскиот директор на Онкологија се лекувала на клиниката

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија...

Кога отидов во Виена, лекарот ми рече ништо од вашата држава од вашите цитостатици, не требало од овие цитостатици, сакам да го оперирам момчето. Јас и тогаш зборев по сите телевизии, никој не ми даде поддршка сите ме правеа луда – рече ожалостената мајка.

(ВИДЕО) Мајка се онесвести од плачење: „Загубив млад син, му ја згрешија терапијата во приватна клиника“

Мајка која раскажуваше за својата голгота со синот кој го загубила од рак на бели дробови,...