Талибанските исламистички борци убиле најмалку осум припадници на авганистанските безбедносни сили и четворица цивили, а повредени се повеќе од 50 цивили во експлозија на автомобил-бомба во централниот дел од Авганистан, пренесе „Ројтерс“.
Како што пренесува „Ројтерс„ талибанците презеле одговорност за нападот кој бил изведен во близина на зградата на Националниот директорат за безбедност (НДС).
„Над десетина офицери на НДС се убиени или повредени“, соопшти портпаролот на талибанците, Забихулах Муџахид.
-Овие шест дена беа најпродуктивниот круг преговори што сме ги воделе со талибанците досега. Постигнавме напредок за сите дискутирани прашања, изјави Халилзад вчера, непосредно пред почетокот на средбата за мир во катарскиот главен град Доха.
Од своја страна, претставникот на талибанците во Доха Сухаил Шахин изјави дека е „задоволен од постигнатиот напредок”.
Ние не наидовме на пречки, додаде тој.
Портпаролот на исламистичките бунтовници објави на Твитер дводневна пауза во преговорите со САД.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.