По бурата во Пескара, улиците се претворени во реки на неколку локации.

Објавил: Рејхан Бајрами | 10 јули, 2019 18:45

ВИДЕО: Големо невреме ја погоди Италија, повредени 18 лица, меѓу кои и трудница!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

18 лица се повредени во силно невреме, кое беше проследено со град со големина на портокал, што денеска го зафати италијанскиот град Пескара.

Како што известуваат Италијанските медиуми, повредените се однесени во болница, со повреди на глава и модрици.

Во силното невреме кое ја зафати Италија, паднале и двестегодишни борови дрва во близина на Равена.

Најмалку 18 лица се повредени во невреме, проследено со град со големина на портокал, што денеска го зафати италијанскиот град Пескара.

По страшната бура во Пескара, улиците се претворени во реки на неколку локации.

Големото невреме што изминатите два дена ја зафати целата земја Италија, предизвика незапаметени поплави.

– Особено сум загрижен поради силните дождови, бидејќи можат да предизвикаат нови поплави и лизгање на земјиштето во Италија – изјави метеорологот Тајлер Роуз.

Според најавата на метеоролозите, утре повторно се очекува ново невреме во јужна и југоисточна Европа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести