Прво во јавноста се шпекулираше дека овие бомби се од СЈО, но специјалното јавно обвинителство ги демантираше овие шпекулации.

Објавил: Весна Петровска | 16 јули, 2019 20:21

НАЈСИЛНАТА БОМБА ОДЕКНА ВО ЈАВНОСТА: Ел Чека повторно ја здрма македонската јавност

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Ел Чека кој од Чикаго поостојано пушта бомби во јавноста, т.е објавува прислушувани материјали, оваа снимка можеби е една од најсилната бомба која одекнала во јавност досега.

Во аудио снимата може да се слушне дека станува збор за разговор межу лидерот на ДУИ Али Ахмети и неговиот брат Фекри.

38 people are talking about this

Прво во јавноста се шпекулираше дека овие бомби се од СЈО, но специјалното јавно обвинителство ги демантираше овие шпекулации.

-Во врска со написите во повеќе медиуми, како и различните толкувања на вчерашната изјава дадена од страна на Специјалниот јавен обвинител, ѝ појаснуваме на јавноста дека новообјавените разговори објавени од Фејсбук профилот со псевдоним „Ел Чека” не потекнуваат од Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. Во оваа смисла, ја уверуваме јавноста дека сите аудио материјали со кои располага ова Јавно обвинителство се чуваат под строго пропишани безбедносни процедури кои опфаќаат физичка, административна и информатичка безбедност на информациите. Воедно, при анализа и обработката на материјалите се постапува согласно со воспоставените интерни правилници и процедури за евидентирање на процесот на преслушување и обработка на материјалите, како и обврската за целосно почитување на принципот на тајност и заштита на приватноста на граѓаните на Република Северна Македонија и други лица, гарантирана со Уставот и Европската конвенција за човекови права, и со тоа на секое лице да му се гарантира почитување и заштита на приватноста на неговиот личен и семеен живот. Во оваа насока, повторно потенцираме дека ова Јавно обвинителство ја гарантира единствено безбедноста на сите аудио материјали со кои располага и во оваа прилика, како и повеќе пати досега, ги повикуваме сите субјекти кои поседуваат аудио материјали кои се предмет на незаконско следење на комуникациите истите да ги достават до Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.