Јавната обвинителка Вилма Рускоска истакнува дека не го чувствува предлогот како награда.

Објавил: Рејхан Бајрами | 20 јули, 2019 8:00

РУСКОСКА: „Чест ми е што ме предложи премиерот за шефица на СЈО, но уште е рано за честитки„

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Јавната обвинителка за организиран криминал Вилма Рускоска изјави дека е голема чест што е предложена од страна на премиерот, да го води новото Јавното обвинителство за организиран криминал и висока корупција.

Во интервју за емисијата „Код” што ќе се емитува во неделното издание, дел од кое беше пренесено вчера во дневникот на ТВ Телма, јавната обвинителка Вилма Рускоска рече дека е голема честа за кој било обвинител, така и за неа, тоа што ја предложи премиерот да застане на чело на СЈО.

– Чест е во секој случај за кој било обвинител, така и за мене тоа што го предложи премиерот, но мислам дека е премногу рано и за честитки и за што било друго затоа што сепак тоа е Предлог-закон кој треба да оди во собраниска процедура. Може да има многу амандмани и не знаеме конечната верзија на тој закон како ќе излезе од Собранието. – вели Рускоска.

Јавната обвинителка, Вилма Рускоска истакнува дека не го чувствува предлогот од премиерот како награда.

Како може нешто да чувствувате како награда кога ќе имате повеќе работа отколку што сте имале. Мислам дека не може да стане збор за награда. – посочува Рускоска.

За тоа дали во новото ЈО би ги вклучила и обвинителите од досегашното СЈО, вели дека и претходно изјавила дека во тоа Обвинителство има многу добри обвинители, што се многу способни така што со големо задоволство би соработувала со нив.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.