Откако беше објавено дека поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески има здравствени проблеми, и дека под итно ќе биде пренесен на операција на срцето, денеска тој повторно е вратен во притвор во затворот во Шутка.
Имено Јанакиески не правел операција на срцето а по направените испитувања е вратен во Истражниот затвор во Шутка, јавува МКД.МК.
Есад Рахиќ за МКД.мк вели дека состојбата на Јанакиески е стабилна и дека по прегледите е вратен во затвор.
– „Јанакиески беше носен во болница минатата недела и по направените испитувања е вратен во Истражниот затвор во Шутка. Врз него не е направена хируршка интервенција и здравствената состојба му е добра”, вели Рахиќ за порталот.
Јанакиески штрајкуваше со глад, но по препорака на лекар го прекина штрајкот.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.