Медиумите пишуваат дека ова е незапаметено злосторство кое се случи во Хрватска и ги шокираше дури и искусните полицајци кои на вакви случаи работат и по 30 и повеќе години.

Објавил: Весна Петровска | 2 август, 2019 16:40

МАСАКР ВО ХРВАТСКА: Шесткратно убиство, најмалата жртва е 10 години -ова е куќата на ужасот во Загреб

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Целиот Балкан остана во шок по монструозното злосторство кое се случи во Хрватска, убиени се шест лица.

Медиумите пишуваат дека ова е незапаметено злосторство кое се случи во Хрватска и ги шокираше дури и искусните полицајци кои на вакви случаи работат и по 30 и повеќе години.

Овде убиецот уби три жени, двајца мажи и дете (10)

Убиецот Игор Наѓ неколку часа по шесткратното убиство е пронајден мртов во Брезовица, 10 километри од местото во Загреб на кое уби три жени, двајца мажи и дете (10).

Масакрот го преживеа десетмесечното бебе.

Како што пренесуваат медиумите, Игор Наѓ работел како таксист. Неговата „шкода октавиа“ е пронајдена по крвавото злосторство.

Најверојатно се работи за случај на семејно насилство во кој мажот ја убил поранешната жена и нејзинот нов партнер. Се сомнева дека мотив за ужасното злосторство е љубомора.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.