Во текот на вчерашниот ден, за 24 часа за излез од Република Македонија беа регистрирани вкупно 1200 македонски државјани и 5529 странски државјани.
Од АМСМ, известуваат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е интензивно зголемен.
На граничните премини, од македонска страна, нема долги задржувања, освен на „Богородица“ каде времето на чекање е од 10 до 20 минути. На „Табановце“, се чека од 15 до 30 минути.
За влез во Грција, на граничниот премин Евзони, и ова утро се чекаше и по два часа.
Вчера пак чекањето на Евзони беа и подолги. 12 Редици се формираа на граничниот премин од грчка страна, но и покрај тоа протокот одеше забавено.
Нервоза и нетрпение кај патниците создаваше и огромната жештина, а на овој дел од државата достигнуваше и до 40 степени целзиусови.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.