Тој апелираше до следбениците, секогаш да ја донесат вистинската одлука за животот и да се борат неуморно, но и да запаметат дека победуваат само оние кои чесно се борат.

Објавил: admin@magazin | 6 август, 2019 1:15

БОКИ 13: „Јас сум борец за сопствениот живот, победуваат само оние кои чесно се борат„

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Бојан Јованоски или познат како Боки 13 и понатаму се наоѓа во 30 дневен притвор, заедно со Зоки Кичеец кои се главните осомничени за аферата „Рекет„

Пред да биде приведен Бојан Јованоски се огласи со статус на социјалните мрежи во кој велеше дека до сега многумина го повредиле, но тој никогаш не потклекнал на навредите.

Тој апелираше до следбениците на Инстаграм, секогаш да ја донесат вистинската одлука за животот и да се борат неуморно, но и да запаметат дека победуваат само оние кои чесно се борат.

Според официјалното образложение на Обвинителството, во периодот од ноември минатата година до април 2019 година, Бојан Јовановски го искористил своето влијание врз јавен обвинител и влијаел да се олесни положбата на осомничено лице во постапка.

Последната објава на Инстаграм од Бојан Јованоски или познат како Боки 13.

Второ осомничен во случајот е Зоран Милевски-Кичеец, кој им договарал средби на Јовановски со сопругата на осомничениот и со самиот осомничен, во нивниот дом и во домот на Јовановски.

За рекетот што го зел Јовановски, Обвинителството го гони за примање награда за противзаконито влијание, но освен за ова кривично дело Обвинителството го гони и за перење пари и други приноси од казниво дело.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести