Инаку Магари Хамзит е еден од оние што платиле на СЈО, Фатиме и Кате да не ја испитаат корупцијата што ја направил додека бил директор.

Објавил: Рејхан Бајрами | 12 август, 2019 16:17

ЕЛ ЧЕКА УДРИ ПО ФЕТАИ : “Фатиме, не верувам дека си го заборавила моментот со сината чанта”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Ел Чека кој од САД објавува прислушкувани разговори на високи функционери на ДУИ на својот Фејсбук профил сподели фотографија и статус во кои се споменува извесен Магари Хамзит.

Вчера Ел Чека на својот Фејсбук профил го запраша премиерот Заев во кој азил ќе оди или ќе заврши како неговиот стратег Груевски. Чека порача дека ќе донесе сапун од Америка за Заев и Боки 13, за како што вели тој, пријатно триење.

Денес објави нов фејсбук статус во сподели фотографија во кои се споменува извесен Магари Хамзит.

Овчарот од Зајаз заедно со Магарот на Хамзит. Инаку Магари Хамзит е еден од оние што платиле на СЈО, Фатиме и Кате да не ја испитаат корупцијата што ја направил додека бил директор, Фатиме ако не ти текнува ќе ти помогнам јас, но не верувам дека си го заборавила моментот на сината чанта!, стои во неговиот пост на Фејсбук профилот.

Шеќерим Ахмети или како што е познат под псевдонимот Ел Чека, веќе подолго време објавува прислушкувани разговори на функционери на ДУИ, но ветува дека ќе објави и други разговори се додека не се иницира меѓународна истрага за случајот во Куманово и додека политичката партија ДУИ не биде протерана од владата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести