Имено во неговото вклучување во вестите на Телевизија Сител премиерот Заев излезе со неочекувани изјави. Премиерот се служеше со навредлив и хомофобен речник, со кој го навредуваше новинарот Бранко Героски, но и првообвинетиот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски.

Објавил: Катерина Крстиќ | 13 август, 2019 19:52

Заев со шокантна изјава: Нема да дозволам еден педер да ме симне од власт

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во вестите во 19 часот на телевизија Сител, премиерот Зоран Заев излезе со шокантна изјава.

Имено во неговото вклучување во вестите на Телевизија Сител премиерот Заев излезе со неочекувани изјави. Премиерот се служеше со навредлив и хомофобен речник, со кој го навредуваше новинарот Бранко Героски, но и првообвинетиот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски.

Шпекулациите со кои се обидува некој да ме инволвира, уште еднаш ќе кажам – Јас сум Зоран Заев. Дојдов благодарение на гласовите на граѓаните, борејќи се за слобода, демократија, за правна држава, за владеење на правото, за нормална држава. Јас сум борец човек и ќе продолжам да се борам за овие вредности до крај додека граѓаните ми даваат позиција. Секако дека нема да дозволам неколку криминалци, еден суетен новинар и нека ми извини ЛГБТ заедницата, и еден педер, да ја симнат Владата од власт, рече Заев.– рече Заев.

На новинарските прашања Заев истакна дека секој што земал пари и секој што прекршил закон, треба да одговара.

Оваа изјава премиерот ја даде на прославата на 18-годишнината од Охридскиот рамковен договор односно прв пат по избувнувањето на скандалот „Рекет“.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести