СЈО се претвори во турска серија. Судењата зависат од тоа дали и со кого Катица Јанева е скарана или смирена!

Објавил: Данаил Михајловски | 19 август, 2019 12:31

Катица Јанева ќе одлучи дали и’ е скарана на Фатиме Фетаи, во име на СЈО!

Фото/Текст извор: ©магазин

Денес на судењето на “Титаник 3“, кој СЈО го има отворено против Исмет Гури и Ејуп Алими, нивниот адвоката Еленко Миланов, побара од судењето да се иземат обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски, со образложение дека и двајцата се во конфликтни релации со специјалната обвинителка Катица Јанева. Судијката Марија Клетничка, откако даде еден час пауза, кажа дека само специјалната обвинителка Јанева, како главен обвинител потписник во СЈО, може одлучи дали обвинителите Фетаи и Бубевски ќе бидат изземени од случајот „Титаник 3“. Судијката Клетничка им појасни на присутните дека ќе и’ ја прати снимката од денешното рочиште на шефицата на СЈО, Јанева, по што таа треба да донесе одлука, и повторно даде пауза до 14 часот. 

Случајот „Титаник 3″ е пред самиот финиш, а обвинети се Ејуп Алими и Исмет Гури (ДУИ). Тие се товарат дека како членови на Општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 уништувале изборен материјал. Инаку обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски важат за нераздвоен тандем во СЈО, кои многу се поддржуваат.

Пред неколку дена обвинителката Фетаи и Јанева влегоа во јавна расправа, откако Фетаи откри дека Катица Јанева наредила да и ја претресат чантата на влез и излез во СЈО, сочно ја опцула преку камера, а потоа и се расплакала од мака. „По вториот претрес, обвинителката Фетаи првин луто гледаше во безбедносната камера, која е поврзана со канцеларијата на шефицата Јанева. Беше многу навредена. Потоа ја плукна камерата и рече: ’Пу, јаз’к!‘“, велат очевидците, вработени во СЈО. Со избивањето на скандалот “Рекет“ забележително е дека прилично се нарушени меѓучовечките односи внатре во специјалното обвинителство.

Но, да се потсетиме што кажа на 17ти Јуни Фатиме Фетаи во гостувањето на 1ТВ кај Сашо Ордановски, на прашањето за евентуална смена на Катица Јанева од челната позиција на СЈО: “Како мислите да се смени Катица Јанева? Зарем таа жена од јавното обвинителство, која прва повлече нога да се направат позитивни промени во правото и правдата во Македонија, заслужува да биде сменета од челната позиција? Јас можеби и не сум толку битна, но битна е Катица Јанева која го понесе целиот товар и се соочуваше со притисоци, закани, дури беше и таа што освен за своето семејство се грижеше и за сите нас што прифативме да работиме со неа во СЈО. И реално не очекувам и еве најотворено лично не сакам Катица Јанева да биде тргната од таа позиција.“

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Скандал

„Фокус“ дознава дека блиска роднина на Арсовска, уште пред да „пукне“ скандалот, со Турците преговарала за милионскиот тендер на „Водовод и канализација“, објавува весникот.

Фокус открива скандалозни тендерски контакти на близок човек на Арсовска со турски понудувач за проектот од 137 милиони евра

Во текст со наслов „МИЛИОНСКИ ТЕНДЕР” неделникот Фокус открива скандалозни информации...

Хаос и тензии во Собранието кои кулминираа со физичка пресметка. Ескалираше кавгата меѓу пратениците од власта и нивните колеги од ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса на Албанците кои сакаат да спречат да се донесе законско решение да не се парализира работата на судовите, Министерството за труд предлага продолжување на нивниот работен век до навршувањето 67 години со што би се продолжил работниот ангажман на 60 судии и 13 обвинители кои се на чекор до пензија.

(ВИДЕО) Милошоски повеќе пати удрен од Адеми, а погоден и со пластично шише вода фрлено кон него

Невиден скандал! Хаос и тензии во Собранието кои кулминираа со физичка пресметка. Ескалираше...

Овој инцидент докажува дека земјите членки на ЕУ мораат да ја заштитат и примат Македонија во своето заедништво имајќи ги предвид непријателските намери на соседните држави.

ОМД побара Рама да се извини за таканаречената шега „Иднaта Западна Бугарија“

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) – водечки глас за Македонците надвор од Македонија...