Времето во земјава денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец.
Утринската температура ќе се спушти помеѓу девет и 17, а дневната ќе достигне од 26 до 36 степени.
Во главниот град ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 35 степени.
Продолжува периодот на стабилно, претежно сончево и топло време со мала до умерена облачност. Наутро ќе биде посвежо, а дневната температура ќе биде во благо опаѓање. Во текот на идната недела ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.