Во земјава денеска времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.
Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Минималната температура ќе биде помеѓу 9 и 17, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени.
Во Скопје, времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен североисточен ветер, со минимална температура од 15 и максимална до 35 степени.
Од понеделник ќе преовладува сончево време со умерена облачност, а ќе има и услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи, особено во западните делови.
Дневните температури ќе бележат постепено опаѓање.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.