Како почесен претседател на сојузот ќе имам симболична функција, но ќе ја искористам максимално во лобирање и во влијание таму каде што навистина е потребно да се напрви повеќе, изјави тогаш Ременски.

Објавил: admin@magazin | 5 септември, 2019 7:42

РЕМЕНСКИ: „Јас сум почестена за титулата што ми ја додели Меѓународниот сојуз и претседателот БОКИ 13„

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Пратеничката од редовите на СДСМ, Фросина Ременски, која пред неколку недели беше разрешена од функцијата потпретседател на СДСМ, вчера по распитот во ЈО за случајот Рекет изјави дека Боки 13 го познава само од телевизија.

Фросина Ременски по се изгледа дека заборавила на кажаното, кога пред неколку месеци изјави дека е почестена со функцијата почесен претседател на Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски.

Дружбите во старите добри времиња помеѓу Фросина Ременски и Боки 13.

– Јас сум почестена за титулата што ми ја додели Меѓународниот сојуз за јакнење на цивилното општество и грижа за социјално ранливите категории. Сме имале и претходно лично соработка со претседателот на Меѓународниот сојуз Боки Јовановски. Како почесен претседател на сојузот ќе имам симболична функција, но ќе ја искористам максимално во лобирање и во влијание таму каде што навистина е потребно да се напрви повеќе, изјави тогаш Ременски.

Исто така на македонската јавност и е познато дека Ременски покрај тоа што е почесен претседател на Меѓународниот сојуз на Боки 13, таа е и блиска негова пријателка која му има подарено и уникатни подароци за кој постојат докази, а за истите се фалеше и самиот Боки 13 на Инстаграм.

Вчера Фросина Ременски речиси три часа кај Рускоска даваше известувања во врска со случајот „Рекет“.

„Бев повикана во ЈО како лице од кое се земаат одпредени известувања и да дадам одговор на сите прашања кои што беа од интерес на ЈО за се што е поврзано со случајот со „Меѓународен сојуз“, рече Ременски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.