Додека премиерот Зоран Заев зборува со оптимизам за законот за СЈО, а директорот на кратко погледна кон премиерот, а потоа ја искриви устата и ги преврте очите.

Објавил: Весна Петровска | 6 септември, 2019 20:57

УРНЕБЕСНО: Заев додека зборува пред новинарите, директорот на „8 Септември“ превртува очи

Фото/Текст извор: ©оналјн магазин

Директорот на Градската општа болница 8. Септември Кирстијан Костов стана хит на социјалните мрежи и во медиумите.

Додека премиерот Зоран Заев зборува со оптимизам за законот за СЈО, а директорот на кратко погледна кон премиерот, а потоа ја искриви устата и ги преврте очите.

И додека дел од медиумите велат дека тоа го направил „од непознати причини“, поверојатната варијанта е дека реакцијата на Костов е резултат на тоа што веројатно има попаметна работа отколку да стои како инвентар додека Заев (или било кој) одговара на тотално неповрзано прашање, за СЈО.

Помалку веројатната варијанта е дека Костов во тој момент бил живо заинтересиран за судбината на СЈО и дека не му се допаднал одговорот на премиерот, но сепак, ќе оставиме читателите да бидат конечните судии, пренесува „365“.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.