Додевски на првенството што се одржува во хелсинборг, славеше убедливи победи над Германецот, Азат Манукјан со 30-13, како и хрватскиот претставник Матија Ружиќ кого го победи со 26-6.

Објавил: Весна Петровска | 9 септември, 2019 16:41

ГЕСТ ЗА ПАМЕТЕЊЕ: Пилотот во авионот му честиташе на Филип Додевски бронзен медал на ЕП во олимписко таеквондо

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Вчера на Европското првенство до 21 година во таеквондо, нашиот репрезентативец Филип Додевски го освои бронзениот медал.

Додевски на првенството што се одржува во хелсинборг, славеше убедливи победи над Германецот, Азат Манукјан со 30-13, како и хрватскиот претставник Матија Ружиќ кого го победи со 26-6.

Филип враќајки накај дома доби неверојатно изненадување, прво беше поздравен од екипажот на авионот, а пдооцна и од пилотот.

-Ти благодарам Филип што така добро не претстави и Македонија на ова првенство, па затоа од екипажот на овој лет ќе си добиеш мал поклон, рече пилотот.

Во продолжение можете да слушнете како изгледаше сето тоа.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.