Меѓу останатите, присутен бил и претседателот Стево Пендаровски со сопругата, Андреј Жерновски, пратеникот Хари Локвенец, Цветанка Иванова и други познати личности.

Објавил: Весна Петровска | 10 септември, 2019 18:49

ЦАНЕВСКА МУ ОДБИРА ФАРМЕРКИ НА ЈОВЕСКИ: Државниот обвинител фатен на дело со активистка на СДСМ

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Порталот Лидер објави снимка од државниот јавен обвинител Љубомир Јовески на која се гледа дека заедно со новинарката и активистката на СДСМ Катерина Цаневска се на шопинг во Солун.

Катерина Цаневска неодамна беше во центарот на вниманието во медиумите, која на венчавката на својата ќерка Маја првиот танц го заигра со Државниот овинител.

Меѓу останатите, присутен бил и претседателот Стево Пендаровски со сопругата, Андреј Жерновски, пратеникот Хари Локвенец, Цветанка Иванова и други познати личности.

Цаневска сега е вработена во Кабинетот на претседателот Пендаровски, а претходно, работеше во Општина Центар и Собранието.

Исто така Катерина Цаневска на македонската јавност и е позната како поранешната новинарка на згаснатата А1 телевизија и која по работењето во фирмата „Фине“ на пратеникот Фјат Цаноски, експресно е вработена како помошник раководител на Сектор за поддршка на градоначалникот.

Вечерва во клубот на пратеници, лидерите на двете најголеми политички партии Христијан Мицкоски и Зоран Заев, ќе се координираат околу одлуката на собранието за тоа каде ќе завршат случаите на СЈО.Пред само 2 месеци, Јовески имаше став дека е беспредметно случаите да се префрлат во регуларното обвинителство, но под чудни околности, првиот човек на обвинителството се премисли и сега ја застапува тезата на премиерот Заев дека ЈО треба да ги преземе случаите на СЈО.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести