Маја смета дека за состојбата на внукот е виновна ММР вакцината која ја примил кога имал две години.

Објавил: Весна Петровска | 11 септември, 2019 13:00

Маја Оџаклиевска си ја отвори душата: Ќерка ми си замина – сама се борам со болеста на внукот

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Македонската пејачка Маја Оџаклиевска долги години живее и работи во Србија, моментално таа се повлече од естрадата поради тоа што сега слободното време го поминува со нејзиниот внук Лука кои има аутизам.

„ Внук ми има девет години, а уште не зборува. Се бориме-“, изјави легендарната пејачка во една ТВ емисија.

Маја смета дека за состојбата на внукот е виновна ММР вакцината која ја примил кога имал две години.

„Јас прва ги забележав првите манифестации на аутизам. Затварање, изолација, бегање под маса. Ова се случи еден месец откако ја прими вакцината. Ѝ кажав на ќерката, а кога ни ја потврдија дијагнозата, тргнавме со разни методи на лечење, квантна медицина, биоенергетичари“, изјави скопјанката која долги години живее во Белград.

Taa на овогодинешниот Охридфес беше гостинка заедно со нејзиниот внук, Маја при посетата на Охрид за Женски магазин откри шокантна вистина.

Ќерката на Маја Оџаклиевска,Теа си заминала од Белград и оттогаш пејачката сама се грижи за внукот Лука, кој има аутизам.

Теа е помалата ќерка на Маја, за која таа ѝ претходно има изјавено дека е бунтовна и кога нешто ќе науми, никој не може да ја спречи.

-Теа си замина, не можам многу за тоа да зборувам. Сега Лука е сиот мој свет, мојот Универзум, сама се борам со неговата болест. Живеам за него и живеам за моментот кога ќе оздраве, но ете, гледате, тој има девет години и уште не зборува, откри Маја за „Женски магазин“.

Маја Оџаклиевска е родена на 21 април 1954 година во Скопје. Својата музичка кариера ја започнува како 15 годишно девојче и се појавува на аудиција на Радио Скопје. Во 1970 година таа се преселила во Белград. На покана на Радослав Грајиќ учествува во радио емисијата „Максиметар“ , каде победила, добила епизодна улога во претставата „Рабле“ на Жан Луј Баро. Таа има учествувано на безброј фестивали низ поранешна Југославија. Соработува со големи музички имиња како што се А. Илиќ, Б. Ѓорѓевиќ, С. Марковиќ, М. Туцаковиќ, Г. Копров, К. Костов, К. Ковач, Р. Радивојевиќ и други.

Меѓу најголемите хитови на Маја Оџаклиевска се:

„Многу солзи“
„Шила“
„Лиду лидуду“
„Не допирај ме“
„Биди добар како што сум јас“
„Среќо кажи“
„Само сеќавања“ – Опатија ’84
„Сребрени улици“ – Опатија ’85

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.