Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска оствари средба со лозарите од Неготино.
На средбата Мицкоски рече дека ВМРО-ДПМНЕ ја почитува маката на земјоделците, ја почитува секоја капка пот на нивите во Република Македонија, а таа почит ќе ја преточи на лист хартија во програмата за Обнова на Македонија, а веднаш потоа во првите 100 дена од новата влада ќе се вклучи во решавање на истите тие проблеми.
Тој изјави дека денеска разговарал со лозаро производители од целата Тиквешија без разлика на нивната политичка припадност или неопределеност.
Јас не би сакал да навлегувам во било каква политичка квалификација како што тоа го правеше министерот за земјоделие и малкумината обожаватели околу Зоран Заев и ги оквалификува верните земјоделци и лозаро производители овдека од Тиквешијата дека наводно биле изманипулирани од страна на политичките елити, па излегле на протест.
Напротив, денеска имав можност да разговарам со лозаро производители од целата Тиквешија без разлика на нивната политичка припадност или неопределеност, без разлика која партија повеќе ја преферираат, заедничка е маката на сите, и сите оние политичарите кои што ги делат лозарите а и земјоделците во Република Македонија на подобни и неподобни за власта мислам дека прават огромна грешка, а таа грешка ќе им се удри од главата на истите тие политичари веќе на следните предвремени парламентарни избори.
ВМРО-ДПМНЕ во рамки на програмата обнова за Македонија ќе предвиде решенија кои што ќе значат вистински решенија за реалните проблеми на лозарите овдека во Тиквешијата, а со самото тоа ќе го зголеми и квалитетот на нивниот живот, изјави Христијан Мицкоски.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.