Имено Карлеуша се присети на почетоците на својата кариерата и пред јавноста откри дека всушност колешка Цеца Ражнатовиќ немала убави зборови за неа. Карлеуша истакна дека Цеца како постара колешка не и дала никаква поддршка и наводно и рекла дека никогаш нема да успее во шоу бизнисот и оти е дебела.

Објавил: Катерина Крстиќ | 22 септември, 2019 14:06

Не ме поддржуваше, и ме навредуваше- Карлеуша конечно прозборе за ривалството со Цеца

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Конечно познатата српска пејачка Јелена Карлеуша ткри пред јавноста која е причината што таа и познатата дива Цеца Ражнатовиќ се скарале.

Фотографија од Инстаграм профилот на Јелена Карлеуша на која се гледа како таа и Цеца излегуваат од судница

Имено Карлеуша се присети на почетоците на својата кариерата и пред јавноста откри дека всушност колешка Цеца Ражнатовиќ немала убави зборови за неа. Карлеуша истакна дека Цеца како постара колешка не и дала никаква поддршка и наводно и рекла дека никогаш нема да успее во шоу бизнисот и оти е дебела.

Се сеќавам дека Цеца ми рече дека никогаш нема да бидам ѕвезда. Ми рече дека добро пејам но оти сум дебела. Тука се зафркна. Дали е некој роден да биде ѕвезда тоа се гледа, се присети Карлеуша.

Двете поп диви веќе со години се лути и не разговараат меѓусебно, а се среќаваат само на судење.

Тие никогаш не кажале пофални зборови една за друга, па од фотографијата што Карлеуша пред неколку месеци ја објави многумина останаа шокирани.

Имено, пред извесно време Јелена објави фотографија на својот Инстаграм на која се гледа и Цеца.

Според она што може да се забележи на фотографијата изглед повторно двете ривалки биле на суд, но на јавноста и е познато дека Јелена премногу се грижи за своите фотографии и за тоа што ќе излезе во јавност, па така поставувањето на оваа фотографија не е случајно. Имено ова е и првата заедничка фотографија на двете пејачки, па можно ли е тие да се смириле после толку години.

Цеца ја тужеше Карлеуша во врска со нејзините изјави во еден дневен весник дека Ражњатовиќ го наредила убиството на Зоран Давидовиќ Чанда.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.