Музичарот додава дека сега, кога настапува без Дуле притисокот и одговорноста се поголеми, без оглед што ќе пее на свој, штипски терен.

Објавил: Весна Петровска | 24 септември, 2019 15:31

НЕПРЕБОЛ: Коки се уште жали по својот другар: „Задолжен сум за многу работи, заради Дуле, заради Господ“

Фото/Текст извор: ©оналјн магазин

Задолжен сум за многу работи, и ќе ги направам. За нас, за вас, за „Тајфата“, за фамилиите и најблиските. Заради Дуле. Заради Господ. Вака во разговор за „Женски магазин“ зборува Никола Јанков – Коки. кој по цели осум години од 10 до 12 октомври во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип, се враќа на „Макфест“, овој пат сам.

Музичарот додава дека сега, кога настапува без Дуле притисокот и одговорноста се поголеми, без оглед што ќе пее на свој, штипски терен.

На прашањето во кој дел од секојдневието најмногу му недостасува неговиот другар, Коки вели:

-Да ви кажам, горе си е горе. Овде не е убаво, се гледаме во очи и се лажеме. Се занесуваме, а внатре, шупелки празни. Извинете, но некогаш сакам да кажам некои реченици но, трпението е на моја страна. Секој ден е инспирација и надеж и не може да помине без да помислиш и на убавите и на неубавите работи. Би сакал многу нешта и луѓе да се вратат, ама не бива. Некои луѓе веќе ги нема.. Дуле го нема, песните се тука. Тој сакаше да пее и да дели од неговата душа, преку нив.

Вчера се навршија точно шест години откако почина Душан Љубисављевиќ-Дуле, вокалот и гитарата на дуото.

Тој почина на 38 годишна возраст поради здраствени проблеми со црниот дроб.

Дуле зад себе ја остави својата втора сопруга Љупка Наскова со која заедно го имаа ресторанот Доменика во Скопје.

Душан Љубисављевиќ кариерата ја започна заедно со неговиот другар Никола Јанков поџзнат како Коки во 90тите години на 20 век во штипските кафулиња како тинејџер. По завршувањето на средното образование се преселил во Скопје, со цел повеќе да се афирмира. На јавноста и станува најпознат во 1996 година кога како дел од дуото „Дуле и Kоки“ со песната „Виолина и гитара“ победува на „Макфест“.

Автори на нумерата, која станала еден од најубавите македонски евергрини, се Александар Митевски (музика и текст) и Валентино Скендеровски. Заедно со Коки во својот репертоар имал над 50 композиции, а неколку од нив, како на пример Виолина и гитара, Мене место не ме фака, Марама, Дај ми шанса и други се сметаат за евергрини. Последните месеци пред смртта Дуле бил ангажиран со својот ресторан Доменика, паралелно работејќи на песните кои требало да се најдат на новиот албум на Дуле и Коки. Починал на 23 септември 2013 година во Скопје.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.