Рекетарската група решава да се сврти кон сигурни извори на пари. Кон општините. Кон „нашите“ општини, нормално.

Објавил: Рејхан Бајрами | 11 јуни, 2019 20:55

Како Трајанка одбила да им даде општински пари на опасните рекетари Коки, Кики и компанија!

Фото/Текст извор: ©плус инфо

Приказна за уште еден неуспешен обид на рекетарската група, овој пат да брцнат во општинска каса – биле измарширани и упатени својот „проект“ да го продадат во Струмица!

Mојата неверојатна и тажна приказна за тоа како еден наш мал хотелиер бил притиснат да „поддржи“ еден наш познат медиум, но поради сплет на околности, кои можеле да завршат и трагично, човекот сепак се спасил од рекетарската багра, предизвика бурни реакции. Очекувано. Цело Скопје бруи за оваа рекетарска група, а се спомнуваат и конкретни имиња на луѓе кои на овој или оној начин, биле принудени да платат вртоглави суми, за да си го сочуваат мирот. Платиле, ама што добиле за возврат, тоа не знаат ни самите.

Се разбира, ми беше јасно дека после приказната ќе уследат жестоки атаци врз мене, со безобѕирни лаги и клевети. Напишани се неколку штапски текстови и објавени се во еден наш парапортал, што го води класичен психијатриски случај. Штабот сфатил дека нема нормален новинар во Македонија што би објавил такви будалштини, без да размисли дека може да се соочи со тужби, па правилно проценил дека ако нема нормален, мора да се најде – ненормален.
Ненормалниот е најден, но работата не е завршена. Затоа што сега, во продолжение, ќе прочитате уште една приказна, за уште еден „подвиг“ на истата рекетарската група, предводена од Коки, Кики и компанија – тоа се имињата со кои ги именував вистинските личности, за да избегнам непотребни непријатности, оставајќи го препознавањето на одговорност на актерите и на вас, читателите.

Напоменувам овде дека такви приказни има многу, бидејќи сѐ повеќе жртви на рекетот горат од желба да се одмаздат за штетата што им е направена, па веќе и гласно говорат што им се случило. Не е мое да одлучувам дали тие приказни се вистинити до најситните детаљи – тоа е, или еден ден ќе биде, работа на истражните органи. Мое е да раскажувам.

И така… По првичните успеси во обидите некои наши бизнисмени и парајлии со уцени да се принудат да го поддржат медиумот на газда Коки, во име на заедничката „кауза“, нели, која ја претставува партискиот функционер Кики (има тука уште еден функционер, чие име засега ќе го држам во тајност), групата објективно се соочува со криза. Нема многу луѓе спремни да разговараат со човек кој „не разговара за сума помала од двесте илјада евра“, или, како што често велел на маса, за помали суми се разговарало со неговата „асистентка“. Никогаш не разбрав која е таа, ако воопшто постои.
После онаа драма со малиот хотелиер Трпе – повторувам, ова име, како и сите други, се измислени – кој одвај го преживеал притисокот од разгоропадениот Коки, во истиот туристички центар, истата група, уценувала и еден сопственик на градежна компанија. И тој одговорил дека не може да плати повеќе од 10.000 евра. Не знам дали воопшто платил. Поентата е во тоа дека и рекетот изгледа не бил лесен занает и не било лесно да се најдат муштерии.

Од тие причини, рекетарската група решава да се сврти кон сигурни извори на пари. Кон општините. Кон „нашите“ општини, нормално. Набрзина е смислен проект за изградба на некакви објекти од областа на социјалните грижи (ќе се воздржам од откривање на детаљи за проектот). И веднаш е таргетирана една поголема општина, во близина на нашиот туристички центар, во која на власт е „наш“ градоначалник (или градоначалничка, да не дискриминираме сега по полова основа) и што е најважно, општина во која газда над газдите е и еден од главните спонзори на медиумот. Оделе луѓето на сигурно.
Градоначалникот или градоначалничката – ај нека биде од женски род, ќе ја наречеме Трајанка, бидејќи и градоначалниците често ја имаат таа неблагодарна улога да трпат и да траат – ја прима екипава. Трајанка сака да слушне за што станува збор и како таа може да поддржи еден убав проект од областа на социјалните грижи. Проектот го образложуваат Коки и Кики, а на средбата има и други лица, локални лобисти. Откако ќе го раскажат наративниот дел на проектот и неговото значење од социјален аспект (бла, бла, бла), муабетот се доближува до главната тема. Парите.
– И добро, како може општината да помогне за овој проект? – прашува Трајанка.
– Паааа… Бидејќи станува збор за интерес и на општината, пожелно би било да се додели една бесплатна локација, со одобрение за градба и сѐ друго што е потребно – вели Кики и трепка нервозно со очињата, бидејќи му е непријатно, од причина што и самиот потекнува од истиот град.
Пред Трајанка да изусти збор, се уфрла Коки, со своето познато пискаво гласче:
– И уште нешто. Општината треба да нѐ ослободи од плаќање комуналии и од сите други давачки!
Трајанка брзо пресметува во главата и им вели на рекетариве:
– Па добро, луѓе, дали сфаќате дека вие од мене практично барате еден милион евра општински пари?! И тоа во време кога општината е задолжена до гуша…
– Ама што е важно тоа?! – писка Коки и веќе се кае што не ја пратил „асистентката“.
Еден милион евра… Па што е за една општина еден милион евра, си мисли шутракот, навикнат на големи исплати во кеш (за што можеби ќе стане збор во некоја друга приказна за оваа рекетарска група). Но, за градскиот татко или за градската мајка, сеедно, тоа се големи пари.
Добро, значи, ние треба да вложиме локација, комуналии, пари… А што ќе вложите вие? – прашува нервозно Трајанка.
– Ние ќе градиме. Ние ќе го менаџираме бизнисот. И медиумот ќе помогне. Знаете ли вие колку е тоа тешко? – одговара Коки, ненавикнат да му опонираат, бидејќи тој е наша влијателна јавна личност.
На помош се уфрла Кики:
– Видете, почитувана, вам ви е јасно дека овде станува збор и за општински интерес. Ако е потребно, еве, ќе му се јавиме и на шефот…
Трајанка одлучно го прекинува разговорот и на рекетарите им вели:
– Вие можете да се јавите на кого сакате, а проектот можете и во Струмица да го направите. Не тука и не со мене!
Дознавам дека откако бива измарширана, групава рекетари предводена од Коки, Кики и компанија, истиов проект го „продавала“ во уште најмалку две општини во земјава. Не ми е познато дали некаде успеале да џапнат општински пари.
Овие две приказни што ви ги раскажав, иако се вознемирувачки, сепак се ништо во споредба со една друга приказна за истава група, за која бруи цело Скопје – имено за тоа како овие рекетари користат и еден друг подмолен метод за уценување и за застрашување на луѓето таргетирани за рекетирање. Но, за тоа во следното продолжение на оваа сага, кое може да го очекувате наскоро.
Патем речено, на луѓето од штабот што се обидуваат со брутални напади врз мене да спречат народот да ја дознае вистината, веќе јавно им порачав да не си го губат времето. Нашле црква да се крстат. Еве, да им повторам: нема да успеете да ме замолчите, фатете се за работа и разбијте ја оваа рекетарска група што побрзо – наскоро ваква порака ќе добиете и од едно многу важно место и тогаш нема да можете да ја игнорирате.

ПС. Слушнав дека некои мои колеги кои работат во медиумот биле вознемирени од мојот прв напис. Во него навистина се спомнува лик на уредник, но во целосно пасивна улога. Да бидам искрен, немам информации, а немам слушнато ни шпекулации, дека некој од новинарите ангажирани во тој медиум се занимаваат со рекет или дека добиваат од својот газда такви задачи. Според тоа, што се однесува до мене, сите тие можат да бидат спокојни. А како се чувствуваат самите што се во такво друштво, тоа сепак не е мој проблем…

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Ми се смачи веќе, кога ќе го читам името Никола Груевски со неговите статуси. Се до оној момент додека не го прифати таканаречениот "пржински договор" со кој доброволно се откажа од власта , ставав рака во оган за обој човек, бидејќи мислев дека е вистински патриот и заштитник на својот народ.

Груевски и Мијалков се виновниците поради кои денес лежат во затвор невини луѓе

Грешките кои ги направи Груевски кога не го притвори Зоран Заев и веднаш не го избрка...

Значи од 16 Министерства дури на 9 ( девет) се Албанци што произлегува дека од 25% ( доколку гласале сите гласачи ид 25% Албанци во Македонија) тие партипицираат дури со 60% или 220% повеќе од тоа што би било природно (25%) што е и договорено со таканаречениот Рамковен Договор.

Албанци декларирајте се како Македонци во Македонија

На фудбалските натпревари Македонија со Албанија да навивате за Македонија. Да ги...

Според последните статистики од 30 Април 2022 , Долгот на американската влада се зголеми за приближно 1,2 трилиони американски долари на годишно ниво на проценет вкупно околу 30,50 трилиони долари во 2021 година. За 2022 година, националниот долг на САД се предвидува да биде околу 31,83 трилиони американски долари.

Америка најзадолжената земја во светот, сеуште глуми супер нација со демократски вредности

Америка најзадолжената земја во светот сеуште глуми супер нација со демократски вредности. Американскиот...