И изминатите 24 часа над Македонија “дожд” од заталкани куршуми за кои властите мора да преземат мерки за безбедност.
Нови 2 случаи се пријавени во Тетово а пријавени се и 2 случаи во гостиварско Чегране. Од заскитаните проектили нема повредени граѓани но причинета е материјална штета како пријавата за оштетено возило во село Желино.
СВР Тетово во своето соопштение индиректно го појаснуваат феноменот на заталкани куршуми. Апелираат до граѓаните за време на семејните веселби да не користат огнено оружје со појаснување дека глобата за недозволено користење на огнено оружје изнесува од 200 до 500 евра и дека зависно од околностите и крајните последици кривично правно следи и затворска казна од 1 до 5 односно 10 години.
Изминатата недела започна со инцидентот кога жена која била на свадбена свеченост во Тетово завршила во болница со рани од огнено оружје додека возач кој поминувал покрај колона со сватови останал без задно стакло на автомобилот.
Претходно министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски овој регион го прогласи за најбезбеден во државата.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.