Росана подоцна продолжи и сама да пее, но тоа траеше кратко, буквално целосно ја снема од естрадата.

Објавил: Весна Петровска | 1 октомври, 2019 19:55

АЛЕКСАНДАР МИ ПРОБУДИ ПЕПЕРУТКИ: Росана со оваа вест ја израдува Македонија

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Росана Сариќ-Тодоровска на македонската сцена беше познаат по песната „Признавам“ која ја пееше со својата сестра блзиначака Маријана.

Маријана и Росана беа ултра популарни во 90-тите, но една од близнчките реши да живее во далечната Австралија, па тука и запре музичката кариера.

Росана подоцна продолжи и сама да пее, но тоа траеше кратко, буквално целосно ја снема од естрадата.

Не се појавуваше ниту по емисии, ниту пак вадеше нови песни. Но во интервју за „Фокус“ таа откри дека наскоро повторно се враќа на својата љубов- музиката и подготвува настап на музичкиот фестивал „Макфест“ на 11. октомври.

Росана се враќа на музичката сцена

-На своја иницијатива се повлеков од сцената поради повеќе причини. Долга приказна е тоа… Поради мојата скромност и почит кон истата сцена, јас молчев… Секојдневно слушав прашања и коментари, зошто ме нема, како недостигам на сцената, сфатив дека луѓето ме сакаат, а поголемо од тоа нема! Но, гледајќи ги нештата последните години, како функционира нашата естрада, едноставно не се пронаоѓав таму.

Паузата од ,,Макфест” е навистина долга, поминаа години. Исто и фестивалот на народни песни ,,Валандово” како и ,,Макфест” ми е посебно драг, оставивме посебен печат со евергрините засекогаш. Кам бекот, односно мојот настап на претстојниот ,,Макфест” се случи непланирано, но за мене ова учество ќе биде посебно – раскажа Росана за „Фокус“.

Вели дека дека неодамна ѝ се јавил композиторот Александар Митевски, кој ѝ кажал дека има песна за неа која мора да ја слушне. По кратко двоумење се согласила, и отишла да види за што станува збор.

-Веднаш штом Митевски ми ја пушти песната ми се појавија пеперутките во душата! Сфатив дека песната навистина е за мене, шлагер од некои времиња… Се пронајдов во песната, немаше враќање назад, ја прифатив. Потоа решивме да се пријавиме на ,,Макфест”. После толку години, на мое огромно задоволство со една мала доза на резерва ќе пеам една фантастична балада, со искрен и реален текст, каде покрај младите настапувачи и останатите жанрови ќе се обидеме да го вратиме барем малку времето на шлагерот – вели Тодоровска.

Да се потсетиме на најголемиот евегрин на сите времиња

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.