Меркел по самитот на лидерите на ЕУ во Брисел рече дека не е тајна оти за време на расправата за проширување, Франција, Холандија и Данска имале резерви кон натамошните чекори на Скопје и Тирана.

Објавил: Весна Петровска | 18 октомври, 2019 18:33

Меркел жали дека немало консензус за отворање преговори со Северна Македонија и Албанија

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Германската канцеларка Ангела Меркел на крајот на Самитот во Брисел изрази дека немало консензус меѓу лидерите на ЕУ за отворање пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија.

– Германија смета дека со исполнување одредени услови можеше да дојде до отворање преговори, но немаше единствен став за тоа. Ќе се вратиме на ова прашање на Самитот за Западен Балкан во 2020 година, порача Меркел.

Меркел по самитот на лидерите на ЕУ во Брисел рече дека не е тајна оти за време на расправата за проширување, Франција, Холандија и Данска имале резерви кон натамошните чекори на Скопје и Тирана.

Таа оцени дека ЕУ сега мора блиску и силно да работи со земјите во регионот за да, како што вели, што е можно повеќе да се ублажи ударот на ваквата одлука.

– Разочарувања секако ќе има, заклучи Меркел.

За потсетување, Советот на министри на Европската Унија не донесе одлука за одредување датум за почеток на преговорите со Македонија за влез во Унијата. По ваквиот равој на министерскиот совет, ова прашање се префрла шефовите на држави и влади на ЕУ, кои ќе имаат состанок в четвток и в петок во Брисел.

Главни пречки за отворање на преговорите со двете држави беа Франција и Холандија, при што Франција стави на знаење дека не прифаќа преговори ниту со една од нив, барајќи претходна измена на методологијата на пристапните преговори и дополнителен извештај на Европската комисија за реформите во Скопје и во Тирана.

Во пракса, тој став би можел да значи одложување на одлуката за преговорите најмалку до средината на следната година, а можеби и подолго.

Конечната одлука за тоа ќе треба да ја донесат лидерите на ЕУ, на самитот што ќе се одржи на крајот на неделава во Брисел.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести