Првиот фестивалски ден за „Врба“ ќе почне со утринска проекција за новинарите, следи прес-конференција со Манчевски и актерките Сара Климоска, Наталија Теодосиева и Камка Тоциновски, а вечерта е гала премиерата со црвен килим.

Објавил: admin@magazin | 19 октомври, 2019 20:30

МАНЧЕВСКИ СО НОВ УСПЕХ: Светска премиера на „Врба“ на Филмскиот фестивал во Рим!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Светската премиера на филмот „Врба“ на Милчо Манчевски ќе биде вечерва на Филмскиот фестивал во Рим, Италија, во рамките на третата фестивалска вечер.

Првиот фестивалски ден за „Врба“ започна со утринска проекција за новинарите, следеше прес-конференција со Манчевски и актерките Сара Климоска, Наталија Теодосиева и Камка Тоциновски, а вечерта е гала премиерата со црвен килим.

Селектирани 33 филмови од 25 земји од светот, меѓу кои и „Врба“. Во селекцијата се и оскаровците Мартин Скорсезе со „Ирецот“, во кој играат Ал Пачино, Роберт де Ниро, Џо Пеши и Рон Хауард со филмот за Павароти. Ќе бидат прикажани и „Џуди“ со Рене Зелвегер, „Даунтон Еби“ и „Измамничките од Вол стрит“.
Музиката во „Врба“ е на Кирил Џајковски, дизајнер на продукција е Дејвид Манс, директор на фотографија е Тамаш Добош, а продуцент е Јане Ќортошев. Филмот е во продукција на „Банана филм“ и е македонско-унгарско-белгиска копродукција, со учество и на Албанија.

Нашиот најнаградуван режисер Милчо Манчевски вчера наполни 60 години.

Милчо Манчевски е роден на 18 октомври 1969 година во Скопје. Студира Историја на уметноста и археологија на Филозофскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Како американски стипендист во 1982 година дипломира на факултетот за филм и фотографија во Карбондејл, Илиноис. Од 1985 година, Манчевски живее во Њујорк и во Скопје. Во 2007 година ја добива титулата Амбасадор на културата на Република Македонија, а во 2012 година е прогласен за Национален уметник на Република Македонија. Се стекнува со почесен докторат од московскиот VGIK во 2013 година. Тој е челн на Режисерската асоцијација на Америка, Европскиот филмски фестивал и PEN клубот; учествува како дел од фестивалското жири во Венеција, Шангај, Варшава, Локарно, Вилнус, Пула, Минхен, Ростов на Дон и др.

Манчевски е автор на повеќе од шеесет филмски дела: кратки, играни и документарни филмови, видео-спотови, рекламни и играни филмски сценарија. Тој е сценарист и режисер на играните филмови: Пред дождот (1994), Прашина (2001), Сенки (2007), Мајки (2010), Бикини Мун (2017), краткиот филм Четврток (short film) (2013), Крајот на времето (2017) и на преку 50 кратки филмови, документарци, реклами, музички спотови и др.
Тој е автор на рекламниот спот за убавините на Македонија, под наслов „Македонија вечна.“
Манчевски е добитник на повеќе награди и признанија, и тоа: за филмот Пред дождот наградата „Златен лав“ за најдобар филм на Фестивалот во Венеција (1994), номинација за наградата „Оскар“ за најдобар филм од странско говорно подрачје (1995), наградата „Сребрен кондор“ за најдобар филм од странско говорно подрачје во Аргентина (1996); за 1.73 награда за најдобар експериментален филм; спотот Тенеси прогласен е за најдобар видео запис според американската музичка телевизија и вброен меѓу стоте најдобри видео записи од магазинот „Ролинг Стоун“.
Манчевски е добитник и на неколку државни признанија: 11 Октомври (1995), Мајка Тереза за хуманитарна работа и Амбасадор на културата на Република Македонија (2007), што ја доделува Владата на Република Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.