Имено до сега многу пати во медиумите можеше да се прочита дека парот има сериозни проблеми, дека е на работ на развод, но по се изгледа не е така.

Објавил: Hristijan Ilievski | 4 март, 2022 4:58

Огњен Амиџик конечно ја отвори душата и откри детали за бракот со преубавата Македонка

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Познатиот српски водител на едно од најгледаните ТВ Шоуа во регионот Огњен Амиџиќ во емисијата Премиера открива детали за својот брак со преубавата македонка, манекенката Даниела Димитровска.

Огнен со својата сопруга Даниела

Имено до сега многу пати во медиумите можеше да се прочита дека парот има сериозни проблеми, дека е на работ на развод, но по се изгледа не е така.

И покрај сите гласини популарниот пар и покрај сите гласини опстанува.

Огњен конечно реши јавно да проговори за својот брак и за релациите со неговата сопруга. Тој открива дека тие се расправаат но тоа е како и секој пар, само ситна караница која поминува з анеколку минути.

Водителот пред камерите откри дека нивните расправии не се сериозни и тешки, туку дека потсетуваат на секојдневни ситни раправии како кај сите парови.

-Се расправаме на дневно ниво, но тоа не е ништо страшно. Тоа не се сериозни караници, тоа се разни глупости: „Зошто не си го направил ова кога ти реков и слично… Тоа е тоа, откри Амиџиќ во емисијата Премиера.

Инаку Огњен беше дел од познатото дуо Фламингоси и и посвети песна на својата сопруга.

Песната „Македонка“, е посветена на Даниела Димитровска, српската манекенка која е родена во Македонија. Таа е сопруга на Огњен и мајка на неговиот син Матија.

Како што за српските медиуми откри Амиџиќ, ова е песна посветена на девојката што му го промени животот.

Покрај оваа песна, тој на Даниела и ја има посветено и песната „Данијела то зна“ во 2011 година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.