Авионот и неговите патници беа подложени на тест за ментална и физичка издржливост.

Објавил: admin@magazin | 20 октомври, 2019 15:52

Успешно заврши пробниот најдолг непрекинат лет од Њујорк до Сиднеј: Траеше цели 19 часа и 16 минути!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Австралиската авиокомпанија „Квантас“ денеска успешно го заврши најдолгиот непрекинат лет од Њујорк до Сиднеј, која превезуваше 50 патници и членови на екипажот.

Авионот на авиокомпанијата “Квантас” полета од аеродромот Џон Ф. Кенеди во Њујорк во петокот вечерта и утрово слета на аеродромот Кингсфорд Смит во Сиднеј, Австралија.

– Пробниот лет од 16.200 километри траеше 19 часа и 16 минути, објави денеска „Квантас“ на Твитер.

Според „Ројтерс“, ниту еден комерцијален авион нема капацитет за вакви ултра долги летови полни со патници и товар. За да избегне долевање гориво, авионот на „Квантас“ полетал со целосно полн резервоар, без товар и со ограничен багаж.

На првиот од трите „супер долги“ пробни летови, што австралискиот национален авиопревозник „Квантас“ ги реализира оваа година, научниците ги следат ефектите од повеќечасовните непрекинати летови врз патниците.

Претходната година „Квантас“ го воведе првиот директен лет од западниот австралиски град Перт кон Лондон, кој трае 17 часа и е еден од најдолгите патнички летови во светот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.