Агенцијата донесе одлука и да се проверува скриена сопственост во телевизијата, откако Боки 13 излегуваше со тврдење дека е сопственик, а нејзини сопственици беа неговиот татко, Миле Јовановски и потпретседателката на Меѓународен сојуз, Јасна Мандиќ, двајцата осомничени во проширената истрага за „Рекет“.

Објавил: Катерина Крстиќ | 22 октомври, 2019 21:08

АВМУ ќе ја одземе дозволата за работа на 1ТВ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

1ТВ, телевизијата чиј неформален сопственик беше Бојан Јовановски – Боки 13, првообвинет во случајот „Рекет“ ќе остане без дозвола бидејќи не ги исполнува минимумот кадровски услови, одлучи Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Телевизијата доби рок од 15 дена да ги исправи пропустите, во спротивно, ќе остане без дозволата за емитување програма.

1ТВ пред една недела на првоосомничениот Бојан Јовановски или во јавноста познат како Боки13 кој моментално е во притвор во затворот во Шутка, му го префактурирала мебелот кој бил во телевизијата. Станува збор за трпезариска маса, кујна, гарнитури, соопшти денеска Управата за јавни приходи. Со ова дејство 1ТВ му го продава на Јовановски овој мебел и тој е задолжен да го плати.

„За почитувањето на обврските од Правилникот за минимални, технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање на дозвола за радио и телевизиско емитување, Агенцијата изврши вонреден административен надзор по службена должност врз 1 ТВ. Надзорот покажа дека 1 ТВ не ги исполнува минималните кадровски услови утврдени во Правилникот“, соопштија од АВМУ.

Агенцијата донесе одлука и да се проверува скриена сопственост во телевизијата, откако Боки 13 излегуваше со тврдење дека е сопственик, а нејзини сопственици беа неговиот татко, Миле Јовановски и потпретседателката на Меѓународен сојуз, Јасна Мандиќ, двајцата осомничени во проширената истрага за „Рекет“.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.