Границата ја поминал на нелегален граничен премин, а потоа најверојатно патувал со патната исправа која не му била одземена кога судот во Штип му ја одложил затворската казна на 14 месеци.

Објавил: Катерина Крстиќ | 1 ноември, 2019 22:45

ОТКРИЕНО: Еве каде се наоѓа бегалецот Игор Спасов

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Игор Спасов, осуденикот за убиството на Мартин Нешковски е избеган во Холандија, дознава неофицијално Алфа.

Границата ја поминал на нелегален граничен премин, а потоа најверојатно патувал со патната исправа која не му била одземена кога судот во Штип му ја одложил затворската казна на 14 месеци.

По само 6 години затвор за убиството на Мартин Нешковски Спасов е пуштен од затвор под неразбирливо образложение дека има потреба од домашно лекување.

Затворскиот бегалец, државата ја напуштил пред околу 1 месец, сам пребегал, неговото семејство се уште е во Штип, брифира нашиот извор. За време на паузата, судот немал потреба да изврши контрола дали Спасов е дома, колку е сериозна неговата здравствена состојба, туку се било проформа и се завршувало со поднесување документи и аминување одлагање, но не и проверки. Убиецот на Мартин Нешковски на издржување затворска казна требаше да се појави на 18 ти минатиот месец, по што и официјално стана бегалец. Но и по две недели власта се донесува како да избегал ситен криминалец, а не осуденик за убиство врз кој СДСМ темелеше цела една кампања против поранешното раководство на МВР. Ресорната министерка Рената Дескоска две недели никаде ја нема во јавноста. Ажурноста со санкции овој пат изостана за разлика кога во прашање се затворски чувари на кои ќе им избега затвореник, тие веднаш се суспендираат. Но сега со денови никој не е виновен оти осуденик на 14 години затвор е пребеган надвор од земјата. Тоа што  затворите и судовите се во надлежност на министерството за правда, е доволно за првиот полицаец Оливер Спасовски, одговорност МВР за бегството на Спасов да нема. Министерот денеска имаше друг приоритет, го решавал загадувањето.

-Денеска рековме дека разговараме само на темата и мислам дека е коректно… Не, и да имам информација значи не можам да ја соопштам сега, разговараме за друга тема. Има министерството портпарол, ќе ви одговори на сите прашања.

Игор Спасов во 2012 година беше осуден за убиството на Мартин Нешкоски. Тој одлежа половина од затворската казна. Поради здравствени причини судот во Штип во повеќе наврати му ја прекинуваше казната. Последниот пат во август кога побарал одлагање поради операција на кила. Дел од лекарскиот тим кој ја вршел интервенцијата бил и неговиот баџанак.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести