Директорот на Идризово Боби Мојсовски за порталот потврди дека до него не било испратено писмено известување за нов прекин и негово оправдано отсуство.

Објавил: Весна Петровска | 24 октомври, 2019 19:27

ОБИД ЗА БЕГСТВО? Убиецот на Мартин Нешковски не се вратил во затворот

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Специјалецот Игор Спасов во петокот не се појавил во затворот во Идризово иако на тој ден му измина рокот за оправдан прекин на издржување на затворската казна, дознава МКД.мк

Директорот на Идризово Боби Мојсовски за порталот потврди дека до него не било испратено писмено известување за нов прекин и негово оправдано отсуство.

Испратено е известување до судот во Штип дека Игор Спасов не се појавил во затвор. Од судот до сега редовно ни беше испраќано известување за прекин на издржување на затворската казна кој завршуваше на 18 октомври, во петокот, изјави директорот Мојсовски.

Откако на 18 август годинава му истече прекинот од една година на издржување на затворската казна, Спасов повторно со поднесена медицинска документација доби нов прекин кој траеше до петокот.

Семејството на убиениот Нешкоски за неговата смрт дозна од медиумите дури два дена после неговото бруталното претепување.

Поранешниот специјалец Спасов е осуден за убиството на Мартин Нешковски.

За потсетување, Мартин Нешкоски (Скопје, 16 август 1989 – Скопје, 6 јуни 2011). Нешкоски беше момчето брутално претепано до смрт од страна на припадник на специјалните полициски сили „Тигри“ на плоштадот „Македонија“ во Скопје за време на одржување на прославата на изборната победа на владејачката политичка партија ВМРО – ДПМНЕ на предвремените парламентарни избори во 2011 година. Семејството на убиениот Нешкоски за неговата смрт дозна од медиумите дури два дена после неговото бруталното претепување. „Бомбата“ која ја презентираше лидерот на СДСМ, Зоран Заев повторно ја отвори пандорината кутија за случајот Мартин Нешкоски. Претепан до смрт, безживотното тело на Мартин неколку часа останало на клупа на плоштадот Македонија. Името на осомничениот МВР го објави два дена подоцна, на 8 јуни. Игор Спасов, припадник на специјалната единица Тигри. Неколку месеци подоцна следуваше и обвинение.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести