Туристите и жители на Венеција во чизми се пробиваат низ водата која го преплави поголемиот дел од градот лагуна.
Водата ги преплави кафаните и продавниците, а поради лошата временска прогноза затворени се и градинките, пренесува АП.
Во многу хотели се наоѓаат и пластични чизми за еднократна употреба. АП наведува дека туристите во хотелите носат чизми над колена.
Метеоролозите предвидуваат уште повеќе дожд, посебно на североистокот на земјата, каде се наоѓа Венеција, Сицилија и другите Јужни региони.
Исто така денеска Хрватска беше погодена од бура, која создаваше големи проблеми во сообраќајот, посебно на приморјето каде дува многу силен ветер.
На Јадранската магистрала можни се одрони, па возачите се предупредуваат да ја прилагодат брзината на движење на условите на патот.
Пожарникарските служби се на терен, каде интервенираат поради паднати стебла на сообраќајници во Дубровник и околината на градот. Во текот на днеот во Дубровник брзината на ветрот достигна и 143 километри во час.
Слично невреме го погоди и Сплит, каде ветрот корне дрвја и поместува контејнери. Од бурата падна и фасадата на едно сплитско училиште, пренесува хрватскиот весник „Јутарњи лист“.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.