Во исто време бројот на ноќевања е зголемен за 46,6%. Во првите седум месеци годинава се регистрирани вкупно 317.713 туристи кои оствариле 1.034.645 ноќевања.

Објавил: admin@magazin | 17 септември, 2021 6:28

Бројот на туристи зголемен за 56,6% за седум месеци, мерките даваат резултат, туризмот се враќа во нормала, велат од владата

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Мерките на Министерството за економија даваат резултат, туризмот пополека се враќа во нормала. Последните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека бројот на туристи во периодот јануари-јули 2021 година бележи раст од 56,6%, изјави министерот за економија, Крешник Бектеши.

Во исто време бројот на ноќевања е зголемен за 46,6%. Во првите седум месеци годинава се регистрирани вкупно 317.713 туристи кои оствариле 1.034.645 ноќевања.

Имајки предвид дека во светски рамки туризмот беше една од најпогодените индустрии од пандемијата со КОВИД-19, главниот фокус на Владата на Република Македонија преку Министерството за економија како надлежна институција за развој на туризмот беше да се поддржат најпогодените сектори. 

Фокусот беше во зачување на работни места во овој сектор и поддршка на индустријата преку конкретни финансиски мерки.

Имајки ги предвид бројките на туристи и ноќевања можеме да покажеме дека мерките кои се имплементирани дадоа видливи резултати.

„Бројот на Домашни туристи е зголемен како резултат на Кампањата „ДОМА СИ Е ДОМА” и Ваучерите за туризам, додека кај странските туристи „БЕЗБЕДНОСНИОТ ПЕЧАТ (safe travel stamp)” ги даде очекуваните резултати, изјави министерот Бектеши.

Оваа година Министерството за економија како една од мерките за поддршка на туризмот додели над 3.500 ваучери за домашен туризам во вредност од 12.000 денари за работници со ниски приходи коишто можат да се користат во домашните туристички капацитети најдоцна до 30 ноември годинава.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од туризам

Со оглед на тоа дека данокот на имот е општински данок, Советот на Град Скопје, односно на општините, самостојно носат одлуки за даночната стапка во рамките на законот, или пак со одлука, поради кризна состојба ја одложуваат примената на регулативата.

За празен стан во Охрид ќе се плаќа троен данок

Измените на Законот за данок на имот со кои има тројно оданочување на стан во кој не...

Проекциите и очекувањата на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот се дека до крајот на тековната година ќе бидат остварени стратешки планираните некаде до 2,2 милиони ноќевања, што е на нивото на 2015 година!

Јаневски: Очекуваме наредната година да бидат остварени 2,5 милиони ноќевања

Туризмот како дејност генерално е меѓу најсериозно засегнатите стопански гранки од...

Расправата беше прекината по претставувањето на Амандманот од Босна и Херцеговина, во кој се бара на државите (Македонија и Албанија) да им се остави уште две години време за спроведување на препораките.

БиХ предлага за две години да се продолжи рокот за исполнување на препораките од УНЕСКО за Охридскиот регион

Се уште неизвесна одлуката за статусот на Охридскиот регион во УНЕСКО од на 44 сесија...