На почетокот на месецот ја напушти пратеничката група а на новата функција доаѓа по препорака на коалиционите партнери СДСМ и ДУИ.

Објавил: Катерина Крстиќ | 14 ноември, 2019 9:11

ДВЕ ЌУКИ, КРЕДИТ, ПУШКА И ПИШТОЛ: Ова е имотот на потпретседателот на Собранието Рамчиловиќ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По жестока расправа Зеќир Рамчиловиќ беше меѓу „избрканите“ од ВМРО ДПМНЕ и стана дел од независната пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ, доби зелено светло и стана потпретседател во Собранието.

На почетокот на месецот ја напушти пратеничката група а на новата функција доаѓа по препорака на коалиционите партнери СДСМ и ДУИ.

Фактор ѕирна во имотната состојба која новиот потпретседател ја има доставено до Државната комисија за спречување корупција како пратеник а дали истата ќе претрпи некои промени по новиот избор на Рамчиловиќ останува да следиме.

Според анкетниот лист , Зеќир на свое име има земјиште , две куќи, моторно возило но поседува и оружје а има и кредит.

На име на родителите пријавил земјоделско земјиште во Долно Коњари.

Имено и двете куќи кои се на негово име се наоѓаат во Долно Коњари а едната од нив која има површина од 168 м2 е проценета на 1,8 милиони денари.

Помалата пак, од 123 м2 е проценета на 600 000 денари.

Од 2015 година Рамчиловиќ земал кредит од 480 000 денари на шест години.

Тој вози Голф 5 проценет на 162 илајди денари а поседува и оружје, односно ловна пушка и пиштол кој според имотниот лист го купил годинава.

Извор: Фактор.мк

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.