Утрово од МВР за „Република“ велат дека расправијата меѓу сопружниците започнала, бидејки Ацевски сакал на сопругата да и ги земе децата.

Објавил: Катерина Крстиќ | 28 ноември, 2019 12:22

(ФОТО) Ова е пратеникот од СДСМ кој вчера ја претепал сопругата која го пријави во полиција

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вчера вечерта порталот Република објави дека пратеник од редовите на СДСМ од еднa скопска општина ја нападнал и претепал својата сопруга, а таа го пријавила во полиција.

Станува збор за пратеникот Костадин Ацевски кој ја претепал сопругата а таа го пријавила во полиција.

Денеска порталот „Република“ објави дека станува збор за пратеникот Костадин Ацевски од СДСМ е мажот кој вчера ја нападнал и претепал сопругата, тој е пријавен во полицијата во Ѓорче Петров. Информацијата за овој немил настан синоќа ја објави „Република“.

Утрово од МВР за „Република“ велат дека расправијата меѓу сопружниците започнала, бидејки Ацевски сакал на сопругата да и ги земе децата.

На 27.11.2019 год во 21,30 часот во СВР Скопје се јавила М. А. (37) од Скопје и пријавила дека сопругот К.А. (40) од Скопје се расправал со неа и сакал да ги земе со него нивните деца. Полициски службеници излегле на местото на пријавата за расчистување на случајот, стои во информацијата од МВР.

Неофицијално, „Република“ дознава дека ова не е прв случај сопругата да го пријави Ацевски за семејно насилство.

Инаку во Македонија над 90 проценти од жртвите на насилство во Македонија се жени, а тоа би значело дека секоја трета жена е жртва на семејно насилство, покажува последната статистика од истражувањата направени од невладиниот сектор.

*Магазин се оградува од веродостојноста на веста превземена од други Медиуми или социјална мрежа. Пренесувањето на веста не е наш став ниту тврдење.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.