Ех драги мои затунцанки бивши соборци. Муви имате уште за лапање. Скријте се таму и удавете се во својата пизма и завидл'к. Со задоволство ќе ви помогнеме 

Објавил: Катерина Крстиќ | 24 јули, 2020 9:51

Апасиев: Затоа ме мразат поише од Грујо!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк
 

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, кој e особено активен на социјалните мрежи, повторно се огласи преку својот профил на Фејсбук каде вели дека :

На парламентарните избори левица освои 2 пратеника, а лидерот Апасиев истакна дека им се украдени 3 пратеника…

Обожавам да насанкуем Сороспии. Тоа ми е специјалност. Да ги доведам на тенок мраз и да ги пуштам низ вода. Затоа ме мразат поише од Грујо…Еднаш, така ги насанкав Катерина Колозова (Козлова) и Бранимир Јовановиќ (Бранче Акциза). Им начкрапав колумна од непостоечки автор. Оти паѓаат на титули, пишав као демек колумната била напишана од Фрида Батистели (измислен лик) – докторантка на Универзитетот Јеил. Па и сликичка им акнав. Море шерувања, море лајкови – шта речи. Ги оставив така неколку месеци. После им обзнанив дека, уствари, колумната е колаж од цитати на камарадот ЛЕНИН, од книгата „Левичарењето како детска болест на комунизмот“ (1920). У земја пропаднаа нашиве учени „сколари“ 

-Така и сега, за избориве. Ми сецнале дел од говор одржан во ревијалниот дел на јубилејната Десетта ораторска вечер „Иво Пухан“, коа бев студент на Правен у Скопје. Па виделе знаме од ЕУ, па помислиле дека е на некој омладинско-партиски митинг. Па колумни пишуење, па психолошки профили праење по емисии на Телма и остали провладини медиуми – како сум „фашист“, па да ми се забранело да предаам и други сочни епитети. А оно, кутрите, не знаат дека тоа е најпознатиот говор на јакобинецот Робеспјер (познат по прекарот Неподмитливиот), изречен во францускиот Конвент за време на Револуцијата! И дека истиот се учи на сите светски универзитети – по предметот Реторика и стилистика, во делот делиберативно говорништво, како бисер на политичкото ораторство.

Ех драги мои затунцанки бивши соборци. Муви имате уште за лапање. Скријте се таму и удавете се во својата пизма и завидл’к. Со задоволство ќе ви помогнеме 

Инаку лидерот на Левица Димитар Апасиев, доби две кривични пријави поради контроверзни објави на својот Фејсбук профил.

Кривичните следеа откако тој по изборите напиша „Џабе ни се лижете сите ќе ве стреламе“. Против Апасиев се поднесени и две кривични пријави за различни статуси на социјалните мрежи.

 
 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...