Катица Јанева беше најмоќна обвинителка, со силна поддршка од владата и меѓународната заедница!

Објавил: Данаил Михајловски | 3 декември, 2019 9:47

Катица Јанева – од специјален обвинител, до обвинета за “Рекет“!

Фото/Текст извор: ©магазин

Катица Јанева, беше малку позната обвинителка во Гевгелија. Но, по предлог на Заев, а прифатена и од Груевски, за време на политичката криза со прислушкуваните материјали во 2015 година, стана главен обвинител на СЈО, досега најмоќната обвинителска институција, со многу пари и меѓународна поддршка. На чело на СЈО вети дека ќе се бори за правда, отвори крупни случаи, од кои 90% беа против функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Но, позади сцената, моќта И била и искушение, па се случувало и рекетирање на бизнисмени, тргување со правдата и противправно богатење. Така Катица јанева од обвинител стана обвинета, заедно со миленикот на власта Боки-13, и со Зоки Кичеец, професионален играч од подземјето. Јавноста сепак и ден денес не верува дека оваа крими-тројка можела да прави така голем рекет, за така големи пари, без да има поддршка и логистика од високи функционери во извршната власт. Како можни играчи во “Рекет“ се споменуваат и премиерот Заев, пратениците “Кики и Фрики“, неколку градоначалници, судијката Димишкова, нејзиниот брат адвокатот Димишков и други влијателни актери.

Фатиме Фетаи за 1ТВ изјави: Како мислите да се смени Катица Јанева? Зарем таа жена која прва повлече нога да се направат позитивни промени во правото и правдата во Македонија, заслужува да биде сменета од челната позиција? Јас можеби и не сум толку битна, но битна е Катица Јанева која го понесе целиот товар и се соочуваше со притисоци, закани, дури беше и таа што освен за своето семејство се грижеше и за сите нас што прифативме да работиме со неа во СЈО. И еве најотворено лично не сакам Катица Јанева да биде тргната од таа позиција

Но, пред судот да си го каже своето, да се потсетиме што за Катица Јанева изјавија во текот на изминативе 4 години јавните личности и политичарите во Македонија и каква перцепција за неа се создаваше во јавноста. некои ја сметаа за “Божица на правдата“, додека други ја обвинуваа за селективна неправда.

Британскиот амбасадор Герет (октомври 2015): Иднината на земјата зависи од тоа како Јанева ќе ја изменаџира работата со предметите на СЈО.

Зоран Заев, на Канал5 (25.март 2019): Не се откажувам од Катица Јанева зошто е капацитет!

Груевски Никола, после изборот 2015 година: Би сакал да го изразам моето задоволство од изборот на специјален обвинител како и од постигнатиот договор за специјален обвинител. Исто така би сакал да кажам дека личноста која беше избрана, според моите информации станува збор за висок професионалец, која има меѓународни обуки во Италија, Америка и во други држави, според нејзиното CV укажува дека личност која е професионална, образована и стабилна која ќе може да се носи со оваа работа.

Маргарита Цаца Николовска за “Инбокс-7“ на 27.02.2019: Мислам дека на Јанева нема да и се случи од обвинител да биде обвинета, заради тоа што најголем број на тие случаи по кои работи Јанева веќе се пред суд, ќе имаат судска разрешница. Истрага е истрага, најбитно е да функционира презумпрцијата на невиност и да може преку релевантни постапки да се покаже кој е виновен, а кој не.

Фатиме Фетаи на 15.08.2019: „Сочно ја опцув Јанева поради нејзината наредба да нè претресуваат полицајци на влез во СЈО“.

Стево Пендаровски на 12 август 2019: Да, разочаран сум од Катица Јанева, како човек кој безусловно И даваше поддршка.

Катица Јанева (во интервју за “Независен“, април 2019): Јас ќе конкурирам доколку се изгласа новиот закон за јавно обвинителство, односно на конкурсот за избор на специјален јавен обвинител. На тоа имаат право сите обвинители што ги исполнуваат условите предвидени со предлог- законот. Сметам дека ги исполнувам условите и ќе поднесам документи. Нема да се откажам.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.