Гореше стан на улицата Рузвелтова во Скопје.
Пожарникарите целосно го изгаснаа пожарот што попладнево избувна во стан во населбата Карпош. Интервенцијата на 15 пожарникари кои на терен беа со 5 возила, траеше околу половина час. Во пожарот повредени лица нема, а причинета е материјална
„Пожар избувна денеска во стан на петти кат во зграда на улицата „Рузвелтова” во Скопје. Со брза интервенција на пожарникарите пожарот целосно е изгаснат”, изјави командантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски.
Се чека да се спушти правот за да може пожарникарите да ги симнат станарите од соседните станови, на кои не им беше дозволено да се движат по скалите се додека пожарникарите не ја стабилизираа состојбата.
Дојавата дека има пожар екипата ја добила во 13,30 часот и веднаш се упатиле на терен. Пожарот целосно е изгаснат.
Според првичните, неофицијални информации огнот избувнал поради невнимание при готвење и брзо се проширил во кујната, па и низ целиот стан.
Противпожарната екипа успеала да спречи огнот да ги зафати и останатите станови во зградата.
Станот во кој се интервенираше е изгорен, а официјалните причини за настанување на пожарот ќе се знаат откако ќе биде завршен увидот на терен кој е во тек.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.