Русковска вели дека не верува во тоа дека во торбата имало „џи-пи-ес“ уред.

Објавил: Катерина Крстиќ | 12 декември, 2019 10:52

Рускоска: Не верувам дека имало „џи-пи-ес“ во торбата која Камчев му ја дал на Боки

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По вчерашните нови 9 аудио снимки кои беа поставени на Јутјуб каналот, обвинителката Вилма Русковска која се споменува во овие разговори кои наводно се водени од страна на сведокот Орце Камчев.

Русковска вели дека не верува во тоа дека во торбата имало „џи-пи-ес“ уред.

Не верувам дека во торбата „Луј Витон“ од Орце Камчев имало „џи-пи-ес“ уред. Сведокот досега не споменал такво нешто, ниту во записникот за примање на кривичната пријава, ниту во исказот даден во текот на истражната постапка, ниту пак во сведочењето на главната расправа, вели Рускоска за „Дојче веле“.

Вилма Рускоска ја води истрагата за случајот „Рекет“

Обвинителката негира дека материјалите, односно видео снимките кои беа објавени во Италијанскиот весник „Ла верита“ протекле од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал. Таа е убедена дека според начинот на кој биле чувани материјалите не би било возможно нека од обвинителките да ги земе и предаде на лидерот на ВМРО- ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Не верувам дека некоја обвинителка ги земала снимките и ги дала на Мицкоски. Сигурна сум дека не излегле од кај нас, пред се, поради внатрешните процедури и начинот на кој беа чувани. И фактот дека беа во заклучена просторија ја елиминира таквата можност, вели обвинителката.

Од „бомбите“ кои беа вчера објавени на „Јутјуб“ може да се слушне и дека наводно Камчев му пишувал пораки на премиерот Зоран Заев кој му рекол да го пријави случајот.

„Му пишувам Зоки јави се, не можам во гужва сум, не треба ништо да дадеме кај Вилма, ништо во две деца ти се колнам, мислам дека ова не треба да го дадеме таму. Му пишувам брат го имам во документ, ќе ти го покажам“. Но Заев, му вратил „Друже мој, Македонија треба да стане европска држава, правна држава да одиш ти утре да си пријавиш оти и ти ќе одговораш“.

Од обвинителството за организиран криминал го повторуваат ставот дека се уште ги испитуваат снимките и кој стои зад нивното објавување.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести